Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Играјте црно-црвени, играјте за Комити
Играјте црно-црвени, играјте за Комити

Играјте црно-црвени, играјте за Комити

Неможе ни еден дуел да помине на Вардар, а да не се споменат нивните најверни навивачи. Секогаш Комити се центар на вниманието, така ќе биде и денес во С.Ц. Јане Сандански, каде нивниот миленик ќе ја води битката за пласман на завршниот турнир во Келн.

Ако кажеме дека Комити се најголемата сила на клубот, секако дека ќе се сложат со ова сите оние кои многу години во минатото поминале со својата најголема љубов. Вардар е дефинитивно во срцето на сите кои оставиле младост и години за овој клуб. Нема за што црвено-црниот состав да стравува или да трепери за својот триумф, или пак да постои несигурност дали ќе го прегазиме големиот Полски титаник-Киелце. Избраниците на Раул Гонзалес повторно ќе ја имаат на помош нивната дефинитивно најголема сила. Сите играчи кои го носеле овој дрес јасно напоменувале дека Комити се нивниот осми играч. Тие се еден голем потив и мотик за своите пулени на терен да извадат повеќе од максиум и повеќе од тоа што можат да го пружат. Како “ветер во грб“ го носат својот тим кон големи успеси. Многу пати благодарение на нивната подршка, Вардар се издигнал од мртвите и застанал на победничките патеки.

Минатат сезона за “влакно“ фалеше сите заедно да славиме пласман во најдобрите четири. Фленсбург беше последната пречка која не успеавме за пола чекор да ја прескокнеме. Но и после завршување на тој несреќен меч, Комити не сакаа да ја напуштат салата и заедно со играчите го издржаа тој тежок момент. “И да изгубите нема да ве оставиме“, скандираа најверните. Свесни се и ракометарите кои утре ќе излезат на терен дека нивните најверни ќе бидат најголемата предност, во овој натпревар. Полека сите ќе ги вперуваат погледите кон трибината каде денес ќе биде сместена Црвено-црната армија, која како и секогаш ке биде подготвена за нова војна, за нова голема битка која ќе ја бие нивниот миленик. Дефинитивно се раѓа нов вулкан во Јане Сандански, после оној на Кале. Сите заедно сме посилни, да го докажеме тоа денес на трибина и терен.

ИМАШ ВАРДАР ТИ, ВЕРНИ КОМИТИ !