Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште 60 минути за Жрк Вардар до Ф4
Уште 60 минути за Жрк Вардар до Ф4

Уште 60 минути за Жрк Вардар до Ф4

Уште 60 минути игра им се потребни на Вардарки да прослават нов пласман на завршниот турнир, кој повторно оваа сезона ќе се одигра во Будимпешта. За да биде задоволството поголемо денеска ќе треба да одиграме уште еден добар натпревар на оној во Скопје, и да го елиминираме сеуште актуелниот европски владател, екипата на Ѓер.

Целата екипа на чело со Кастратовиќ и Питлик веруваат дека не само што ќе ги одбранат шесте гола од првиот меч, туку и ќе одат на нов триумф во Унгарија. Само така може да се излезе со ладни глави и да не се мисли на таа позитива, туку да се почне од 0:0. Ние навивачите и целата Македонска ракометна јавност веруваме во квалитетите на овие девојки, кои сме сигурни дека ќе го остават срцето на терен и повторно ќе не израдуваат.

Преку видео бим кој ќе биде поставен пред С.Ц. Јане Сандански ќе може да се проследи натпреварот против Ѓер, кој започнува со почеток од 16:30. Се најавува голема толпа од народ кој токму на ова место ќе го проследи натпреварот. Нашата подршка и љубов нека допре до срцата на овие девојки кои ќе излезат денес на терен и ќе гинат за црвено-црните бои. Дојдете сите пред Јане Сандански да го проследиме мечот на Жрк Вардар, веднаш по завршувањето се упатуваме во сала да ги бодриме Рк Вардар.