Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Христијан Милошески: Нашиот тренер секогаш не поттикнува за повеќе и мислам дека на наредниот натпревар ќе бидеме уште подобри
Христијан Милошески: Нашиот тренер секогаш не поттикнува за повеќе и мислам дека на наредниот натпревар ќе бидеме уште подобри

Христијан Милошески: Нашиот тренер секогаш не поттикнува за повеќе и мислам дека на наредниот натпревар ќе бидеме уште подобри

Кадетите на ракометниот клуб Вардар со победа ја стартуваа новата сезона во кадетската лига. Избраниците на Слободан Чивлачки забележаа победа во дербито со екипата на Пролет 62. Во најголем дел од натпреварот имавме водство и на крајот заслужено стигнавме до првите бодови. Конечниот резултат гласеше 22:26. Најдобар стрелец во редовите на Вардар беше Христијан Милошески кој постигна шест голови. Ова момче дојде преку настапите во “Јуниор“ лигата, каде беше дел од ракометната школа РК Филип-Вардар. На завршниот турнир во “Јуниор“ лигата беше прогласен за најдобар играч.

-Нашето кадетско градско дерби започна против Пролет каде ние победивме со четири голови разлика. Искрено мислам дека на натпреварот кај градскиот ривал Пролет сите го дадовме својот максимум. Задоволен сум од својата игра и придонес, бидејќи за овие неколку месеци успеав и научив премногу. Ќе се трудам секогаш да го давам она најдобро, она кое најдобро го знам. Вардарци ме прифатија на најдобар можен начии и се чувствувам како да сум многу подолго време со нив. Нашиот тренер секогаш не поттикнуваа за повеќе и мислам дека на наредниот натпревар ќе бидеме уште подобри.

Звонко Ивановски