Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Илија Абутовиќ за Вардарфанс:Комити ни се “ветер во грб“ на секој натпревар.
Илија Абутовиќ за Вардарфанс:Комити ни се “ветер во грб“ на секој натпревар.

Илија Абутовиќ за Вардарфанс:Комити ни се “ветер во грб“ на секој натпревар.

Црвено-црните повторно ја израдуваа својата публика во Јане Сандански. Нова жртва беше екипата на Монпелје, која со наведнати глави си замина од салата. Секако дека голема улога во оваа многу важна победа има и “столбот“ во одбраната на нашиот тим, Илија Абутовиќ.

-Знаевме пред почетокот на натпреварот дека нема да биде лесно со Монпелје. Имавме малку време да се вратиме во ритам, после светското првенство во Катар. Пред овој дуел одигравме три натпревари во сеха-лигата, и тоа многу ни значеше да повторно се воиграме, што се виде и на вчерашниот натпревар. Добро се подготвивме, и мислам дека добро го одигравме целиот меч.Се функционираше како треба,и во нападот и во одбраната.

Абутовиќ не заборави да ги спомене и најверните Комити, кои се присутни на секој нивни натпревар во голем број.

-Многу ни значи нивната подршка. Знаат да направат неверојатна атмосфера . Со еден збор, Комити ни се “ветер во грб“ на секој натпревар.

Во последното коло, Вардар гостува на екипата на Рајн-Некар Ловен. Доволно ќе ни биде и нерешен резултат за освојување на второто место во групата.

-Тоа ни е многу битен меч, бидејќи и со нерешено ќе бидеме на крај втори. Ние нема да тактизираме и секако дека и таму одиме на победа, изјави Илија Абутовиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски