Седум сезони, србинот, Илија Абутовиќ беше дел од Вардар, но Скопје и тимот останал во неговото срце. Тој за „Балкан Хендбол“ потврди дека е силно врзан за нашиот клуб. Зборуваше за времињата кога беше во Скопје, како го гледа овој град кој е негов втор дом и случувањата околу тимот.
Одам често во Скопје, немам лош збор за него тој град буди силни емоции. Немам лош збор. Седум години да си на едно место, како втор дом ми е. Не можев да претпоставам дека ќе имам таква кариера кога дојдов во Вардар кога тренер беше Веселин Вујовиќ. Тимот беше на повисоко ниво од Слован и Партизан. Тогаш почна и СЕХА-лигата.Што се однесува до првиот Ф4 во 2017 година, игравме четвртфинале со Флензбург, нашата екипа беше ко едно. Се спремавме пет-шест седмици за Ф4. Игравме лошо во полуфиналето со Барселона, ама Циндриќ не „извади“ во последните секунди. Влеговме во финале, имавме самодоверба. Знаевме како Нарсис игра, Хансен и Карабатиќ се големи имиња, ама едноставно чувствувавме голема самодоверба. Случувањата со Вардар ги следам, играчите се во доста тешка ситуација. Да играш и да живееш кога немаш редовна плата е многу тешко. Јас посакувам се да заврши најдобро, Самсоненко да го реши проблемот и да остане во клубот и понатаму. Вардар и лани имаше проблеми, па станаа европски прваци. Јас тогаш бев многу емотивен. И полуфиналето и финалето ги гледав дома, навивав и скокав по дома, исто како да бев таму- вели Абутовиќ.