Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите испуштија удар за реми во финишот, победа за РК Алкалоид (ВИДЕО)
Кадетите испуштија удар за реми во финишот, победа за РК Алкалоид (ВИДЕО)

Кадетите испуштија удар за реми во финишот, победа за РК Алкалоид (ВИДЕО)

Кадетите на РК Вардар 1961 гостуваа овој викенд кај  лидерот на табелата,  екипата на РК Алкалод.  Момците на Пепи Манасков во 6.коло беа поразени на мечот во  Спортскиот центар „Борис Трајковски“  со 26-24 (11-07).

Домаќинот успеа да отвори подобро, од минута во минута создаваше предност, тие некаде на средината на првиот период водеа со пет гола повеќе од нашите кадети. Резултатот во 16.минута беше 8-3 за домашната екипа. Ние се обидовме да намалиме во продолжение, во таа намера успеавме само делумно, на одмор отидовме со четири негатива, односно со резултат 11-7.

Вториот дел на мечот во „Борис Трајковски“ имаше сосема друг тек, момците на Пепи Манасков беа како препородени. Одигравме одлично па по 11.минути во овој период, поточно во 41.минута дојдовме до резултатска симтрија, изедначувајќи на 16-16. Се вративме целосно во игра, се играше гол за гол. Во последната минута имавме напад за реми при 25-24, по тајм-аутот на Манасков трегнавме во последниот напад, за жал промашивме и домаќинот во последните секунди погоди за 26-24.

Видео од целиот натпревар може да погледнете => https://www.youtube.com/watch?v=fDf2qTkLYG4