Викендов во кугларницата „Мусандара“ , КК Вардар актуелниот шампион на Република Македонија ја пречека екипата на КК Макпетрол-А. Вардарци кој се драстично ослабени од ланската сезона и го изгубија квалитетниот дел од ростерот немаа шанси против одличниот КК Макпетрол кој победи со резултат 1-7.
На оваа средба од 4.коло во Македонската кугларска лига, ривалот беше подобар во сетови со 5:19. Ние соборивме 3085„дрва“ , а они дури 3460. Кај нас поентираше искусниот Бранко Митиќ, а најдобар скор имаше кај црвено-црните Дарко Димитровски кој дојде до бројката 555.