Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета на двомечот против Словенија кој е во рамките на ЕХФ неделата за ЕХФ Еуро Купот.
Савевски објави список од 21 ракометарка кои на 28 февруари треба да се појават на собирот во хотелот „Александар Палас“. Дуелите против Словенија пак се закажани на 3 март во Целје и 6 март во Скопје. Од лидерот на табелата во домашната лига, ЖРК Вардар повикани се три девојки. Девојката која плени со својте перформански, крилото Сара Миновска, кадетката Бојана Коцева и веќе стандардата во А-селекцијата, пикерот Џатевска Ивана.