Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > ОК Вардар во Тетово ја совлада Шкендија во дербито
ОК Вардар во Тетово ја совлада Шкендија во дербито

ОК Вардар во Тетово ја совлада Шкендија во дербито

Одбојкарите на Вардар победнички започнаа  во премиерното коло од втората фаза, во плеј-офот во одбојкарското првенство. Варцарци  го добија дерби дуелот, по четири сета славеа со 1-3 на гостински терен во Тетово.

Вистнска одобојкарска  драма имаше во сите четири сета, нашите момци  поведоа со 1-0 (22-25), но домашниот состав врати на ист начин (25-22) за израмнување. Следните два сета им припаднаа на одбојкарите на Вардар (25-27 и 23-25) за убедлива победа на крајот.

Скопските црвено-црни беа подобри на прием, техничарот Стошиќ ги разигра сите играчи во нападот, па петмина одбојкари имаа двоцифрен број поени, најмногу Иранецот Акбари – 20. Шкендија немаше добар прием, па попуст беше придонесот на коректорот Зеновиќ кој заврши со 31 поен.

Со новите бодови, Вардар е пред Борец на табелата, на четвртото место со скор од 7-4.