Вардар го пријави Стефан Додиќ за настапите во Лигата на Шампионите, што значи дека средниот бек ќе може да настапи на утрешниот натпревар од 12.коло против екипата на Загреб.
Вардар вчера и официјално го претстави Додиќ како ново засилување кој ќе го носи црвено-црниот дрес до крајот на сезоната. Додиќ е повеќе од добредојден во моменти кога е повреден Анте Гаџа, додека на последниот натпревар против екипата на Нексе во СЕХА-лигата, на повреда се пожали и Мартин Карапалевски, па така Вардар остана без класичен среден бек, освен младиот Стефан Крстевски.
Останува да видиме утре со каков состав ќе се реши Давид Дејвис и дали Додиќ ќе дебира за Вардар на натпреварот со Загреб кој се игра од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански.