Ракометниот клуб Вардар издаде сооштение на нивната официјална веб страница за навивачите. Во истото се појаснети поединостите за влез на натпревот со ПИК Сегед во недела.
Единствено што е помалку зачудувачки е дека ќе мора за да се влезе да се пристигне на влезот за навивачи во периодот 16-17 часот што помалку е чудно ако се земе во предвид дека фудбалскиот меч на црвено – црните започнува во 15 и 30 на арената Филип втори. Очигледно желбата на Комити искажана во утринското соопштение дека сакаат да следат фудбал и подоцна да се упатат кон салата да го бодрат ракометниот тим е невозможно да се оствари. Ракометниот клуб со ова како да ги принудува навивачите да мора порано или воошто да не идат на градското фудбалско дерби или пак ако гледаат 90 минути фудбал да дојдат и да дочекаат заклучени врати. Соопштението ви го пренесуваме во целост :
Слично како и досега, билетите за натпреварот со ПИК Сегед ќе може да ги добијат пред натпреварот, а да влезат во салата во периодот од 16 до 17 часот на истиот влез во СЦ „Јане Сандански“ кој и досега беше наменет за нив.
За навивачите се обезбедени 500 билети, во делот на трибината каде што и досега ги следеа натпреварите. Оние кои ќе дојдат подоцна од предвидениот термин (16-17 часот) нема да бидат во можност да влезат поради малиот временски интервал за спроведување на стандардните мерки за безбедност.
Натпреварот со Пик Сегед е закажан за недела во 17:30 часот.