Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гунарсон: Нè уби нивниот пивотмен од 140 килограми!
Гунарсон: Нè уби нивниот пивотмен од 140 килограми!

Гунарсон: Нè уби нивниот пивотмен од 140 килограми!

Македонската ракометна репрезентација победи селекција која на домашен терен речиси и да не губи натпревари. Вчеравечер Македонија покажа дека и покрај големите критики од јавноста, знае да одигра одличен натпревар и против најдобрите селекции. Секако и на овој дуел еден од најдобрите играчи на теренот беше Стоилов, а играчот на Исланд, Гунарсон по натпреварот рече дека е многу тешко да се задржи човек од околу 140 килограми.

„Почнавме добро во првите десетина минути, но неприфатливо е да примите 34 гола на домашен терен. Нивниот кружен напаѓач Стоилов има околу 140 килограми и кога ќе ја прими топката на линијата многу тешко е да се игра против него. Нашата лоша одбрана нè уби вечерва. Ова беше луд натпревар. Одиме во Скопје по бодови, знаеме дека ќе биде тешко, но одиме таму да победиме“ , рече Гунарсон.