Како што ве известивме одамна (види) екипата на Киелце и Чупиќ по крајот на сезоната се разделуваат, а Иван Чупиќ следната натпреварувачка сезона 2016/17 ќе биде член на црвено-црниот ракометен колектив. Самиот играч за хрватскиот весник “Јутарни“ потврди дека ќе биде дел од нашиот Вардар и ги образложи причините за неговото доаѓање во Скопје. Храватот кој веќе четири сезони го носи дресот на Кјелце а претходно имаше настапувано и за екипите на Рајн – Некар, Горење, Медвешчак и Метковиќ, Чупиќ вели:
Киелце почна да ја менува клубската политика, тие работат на подмладување на екипата, а јас почувствував дека сега е она вистинското време да прифатам некој друг предизвик за мене.
Потоа новинарот на Јутарни на Чупиќ му поставил малку провокативно прашање, дали понудата на господинот Самсоненко, односно на РК Вардар беше ”неморална”?
Јас сигурно дека немаше да ја прифатам, да не беше ова добра понудата. Вардар сака да ја освои Лигата на шампионите, а мене такви амбиции многу ме интересираат. Но знаете.. се приближувам кон својата 30-та година, па се повеќе ме привлекува да сум блиску до мојот дом. Мора повеќе да внимавам на семјството мое, на училиштето на децата. По ракометот, сакам да живеам во Хрватска, така да ова беше чекор кон тоа, а секако посакувам малку повеќе сонцe.