Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ, сегашен член на полскиот шампион Кјелце, од лето 2016 ќе биде нов ракометар на РК Вардар. Чупиќ има договор со Кјелце се до 2018 години, но договорот ќе биде раскинат, и Чупиќ како слободен играч ќе дојде во црвено – црниот тим.
Чупиќ веќе четврта сезона го носи дресот на Кјелце. Чупиќ во минатото има настапувано и за екипите на Рајн – Некар, Горење, Медвешчак и Метковиќ.
Му посакуваме добредојде на Иван Чупиќ во РК Вардар.