Младинците на ракометниот клуб Вардар по девет одиграни кола се лидери во групата 1 од лигата. Избраниците на Грчевски и Чивлачки играат одлична сезона и се уште немаат пораз во лигата, односно остварија осум победи и еден нерешен резултат. Едно од засилувањата кое пристигна на почетокот на сезоната е Игор Ѓорѓиев кој дојде од екипата на Струмица. Тој во есенскиот дел за Вардар постигна 11 голови и има забележителна улога во добрите резултати на тимот.
-Мојата желба за да дојдам во Вардар беше навистина голема бидејќи има поголеми можности и услови за напредување во мојата кариера. Во Вардар ме повикаа на припреми и се одлучија да ме задржат во нивниот тим. Главна иницијатива за доаѓањето во Вардар беа пред се нивните успеси и подобриот кадар на ракометари и тренери. Во есенскиот дел благодарение на нашите тренери Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски кои максимално не подготвија за секој натпревар и го совладавме секој наш противник, единствено со екипата на Пелистер кој заврши без победник, меч за кој мислам дека немавме доволно среќа. Исто така сакам да ги пофалам и моите соиграчи заради нивната посветеност.
Во неделата Вардар гостуваше во Струга на екипата на КЛ-7, тоа воедно беше и дерби меч во младинската лига, односно на екипите кои се наоѓаат на првите две места на табелата. Во неизвесен и квалитетен натпревар поуспешни беа црвено-црните, кои славеа минимална победа, а Ѓорѓиев постигна шест голови. Во првото пролетно коло убедливо ја совладавме екипата на Македонија Ѓ.П.
-Пролетниот дел го почнавме одлично со што забележивме две победи,вклучувајќи ја и победата против КЛ-7.За натпреварот со КЛ-7 уште од самиот почеток почнавме многу мотивирано и со голема желба за победа. Пресудно за победата беше подобрата подготовка и советите од нашите тренери, но и нашата заедничка игра. Со овој триумф шансите за фајнл-фор драстично ни се зголемија. Од нашиот тим може да се очекува напорна работа, трофеј и уште многу големи достигнувања.
Звонко Ивановски