Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез и Карачиќ: Сега ни останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 турнирот во СЕХА
Гонзалез и Карачиќ: Сега ни останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 турнирот во СЕХА

Гонзалез и Карачиќ: Сега ни останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 турнирот во СЕХА

Вардар ќе биде запишан во историјата на СЕХА-лигата, како екипа која постави нов рекорд според бројот на освоени бодови и победи во ова натпреварување. Вечерашниот триумф беше вкупно 17-ти оваа сезона во СЕХА,со кој го срушија достигнувањето кое го држеше екипата на Веспрем. На прес-конференцијата после завршување на дуелот со Нексе, тренерот Гонзалез истакна дека најважна е победата.

-Нексе денеска играше добро. Не функциониравме најдобро во првото полувреме, второто беше малку подобро. Сепак најважно е дека победивме, сега ќе одмориме малку и ќе се подготвуваме за Ф4 турнирот.

Карачиќ истакна дека триумфот е благодарение на поедини расположени поединци, кои го решиле мечот.

-Нексе беше денеска одлично подготвен, а ние влеговме малку лошо во првиот дел, но во вториот дел притиснавме и со помош на индивидуалните потези на некои играчи кои беа распожени дојдовме до победа, со која поставивме рекорд во историјата на СЕХА. Сега ни останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 во СЕХА и за Лигата на шампионите.