Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Брест Мешков и ППД Загреб против Целје, се полуфиналните двојки на Ф4 турнирот во СЕХА
Вардар против Брест Мешков и ППД Загреб против Целје, се полуфиналните двојки на Ф4 турнирот во СЕХА

Вардар против Брест Мешков и ППД Загреб против Целје, се полуфиналните двојки на Ф4 турнирот во СЕХА

Познати се полуфиналните двојки на завршниот турнир во СЕХА-лигата, кој во периодот од 13-15-ти-април ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански. Вардар во полуфиналето силите ќе ги одмери со екипата на Брест Мешков, додека во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л.

Ова е епилогот од вечерашните одиграни натпревари, на кои Брест Мешков на домашен терен беше поразен од екипата на Горење Велење, додека Целје на домашен терен ја совлада екипата на Војводина. Сега бодовната разлика помеѓу Целје и Брест Мешков е четири бодови на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната. ППД Загреб има три бодови повеќе од Брест Мешков, но и натпревар помалку од белорусите, така што се повеќе е очигледно дека Мешков ќе заврши на четвртата позиција, а Вардар како првопласиран ќе се сретне во полуфиналето со екипата која единствено успеа да ни одземе бодови во регуларниот дел. На гостувањето во Белорусија, двете екипи одиграа со нерешен резултат.

Вардар ќе има голема можност за одбрана на трофејот од минатата сезона, пред се поради квалитетот, но и домашниот терен ќе биде само дополнителен мотив за вардарци да го освојат четвртиот трофеј во СЕХА-лигата.