Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ и Шишкарев во идеалниот тим во ЛШ

Циндриќ и Шишкарев во идеалниот тим во ЛШ

Доминацијата во  реваншот со Фленсбург на домашен терен и историскиот пласман на завршниот  Ф-4 турнирот во Келн  им донесе места во идеалниот тим во ЛШ на црвено-црните момци. Двајца наши играчи се во идеаланта постава  за реванш натпреварите од четвртфиналето во најсилното европско натпреварување.

Средниот бек, хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ, кој беше незапирлив за германската одбрана избран е за најдобар плејмејкер за оваа рудна која носеше место на Ф4.  Покрај него  место во изборот има и за руското крили Данил Шишкарев, тој  постигна пет гола во мрежата на германски Фленсбург. Идеалниот тим изгледа вака :

ЛЕВО КРИЛО: Валеро Ривера (Барселона)

ЛЕВ БЕК: Арон Палмарсон (Веспрем)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК: Јуре Доленец (Монпелје)

ДЕСНО КРИЛО: Данил Шишкарев (Вардар)

ПИВОТ: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)