По секоја рунда во ЕХФ лигата на шампионите се одбирааат петте најубави гола. Во оваа најнова листа од најубави погодоци во ракометната ЛШ, дури два се дело на играчи на Вардар. Во изборот за топ-5 голови за возвратните четврт-финални мечеви во ЛШ четвртото место му припадна на шпанецот Алекс Душебаев. Тој обезбеди место со изворедниот цепелин. На оваа листа второпласиран е Вуко Борозан со “проектилот“ кон голот на Матијас Андерсон кој едноставно неможеше да се брани.
Топ петте најубави погодоци на реванш средбите од 1/4-финалето од ЕХФ Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот – ЛИНК .