По назначувањето на Раул Гонзалес за селектор на машката ракометна репрезентација, шпанскиот стручњак го коплетира струшниот штаб кој ќе му помага во водење на репрезентацијата. За тренер на голманите е избран Александар Царчев, кој е поранешен голман на РК Вардар, а тоа продолжува како тренер најпрво во машкиот, а потоа и во женскиот колектив на црвено-црните, каде моментално работи како тренер на голмани во ЖРК Вардар.
Царчев кратко време работеше и како помошен тренер и асистент на Раул Гонзалес по неговото пристигнување во Скопје, како шеф на стручниот штаб во РК Вардар. Десна рака на Гонзалес, ќе биде поранешниот шпански репрезентативец, Гарсија Парондо.