Вардар загуби убедливо на гостувањето кај екипата на Порто и повторно падна на 6.место во најсилната група Б. Бевме рамноправни само едно полувреме, кога имавме негатива од само еден гол. Лошиот старт на вториот дел беше пресуден за нашиот тим, Порто се одлепи на седум голови предност, разлика која ја одржуваше до крајот на натпреварот. После завршување на мечот, пред медиумите се обрати и Алушовски кој го изјави следното:
„Се наоѓаме во тешка ситуација затоа што имаме повредени ракометари. Порто е одлична екипа. Ние се бориме да ги надминеме сите проблеми. Некои играчи го напуштија клубот. Во нашата земја Вардар е бренд, се надевам на се најдобро. Сакам да играме во ЛШ следната сезона“,