Нашиот ракометен шампион ја забележа втората последователна победа во сеха-лигата и теоретски го обезбеди пласманот на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во ова натпреварување. Совладана беше екипата на Нексе во Нашице со резултат 29:36. Уште на стартот на мечот имавме висока предност од 0:6 и 1:8 и го најавивме триумфот. На прес-конференција после завршување на дуелот на медиумите се обратија тренерот Раул Гонзалес и Лука Циндриќ.
-Многу сум задоволен од прикажаната игра на моите играчи, особено од настапот на Лука Циндриќ. По почетната предност од шест голови разлика, Нексе одигра многу подобро, посебно во делот од одбраната. Честитки и до екипата на Нексе за прикажаната игра на овој дуел, изјави Гонзалес.
Циндриќ повторно одигра одличен дуел, покривајќи го целосно отсуството на Игор Карачиќ. Тој вчерашниот меч го заврши со 11 постигнати голови и имаше само еден промашен удар.
-Најпрво да се заблагодарам на луѓето од Нашице и ракометниот клуб Нексе за подарокот. Ние сме многу задоволни од одиграното на овој натпревар, со обзир дека бевме уморни после мечот со Борац и патувањето. Бевме свесни дека натпреварот ќе биде тежок. Започнавме цврсто во одбраната на почетокот на натпреварот и тоа го одличи победникот на овој дуел, истакна Циндриќ.
Веќе денес Вардарци се враќаат во Скопје, каде ќе продолжат со тренинзи пред заминувањето за Германија и одигрувањето на дуелот во ЛШ, против екипата на Рајн-Некар.
Исто така своја изјава за натпреварот со Нексе имаше и десниот бек Алекс Душебаев.