Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Делчево и Академија 2 генер. “2000/01 забележаа триумф во “Јуниор“ лигата
Делчево и Академија 2 генер. “2000/01 забележаа триумф во “Јуниор“ лигата

Делчево и Академија 2 генер. “2000/01 забележаа триумф во “Јуниор“ лигата

Продолжија натпреварите во Јуниор лигата во женска конкуренција, кои вчера беа одиграни во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. Победи остварија екипите на Делчево и Академија 2, во генерација родени 2000/01 година. Тимот на Делчево беше подобар од Кузман со реултат 18:16.

Почетокот на натпреварот не наговести таков расплет на настаните до крајот на натпреварот. Кузман беше екипата која го диктираше темпото на игра и имаше водство во првите осум минути од дуелот, најпрво со 0:2 а потоа и 2:4. Во наредните десет минути се случи несфатлив пад во играта на Кузман, која не успеаа да постигне ниту еден погодок, за разлика од екипта на Делчево која успеаа да направи серија од неверојатни 7:0 и да има највисоки 9:4 во 17 минута. Во следната минута Кузман успева да го пронајде патот кон противничката мрежа и да ја прекине лошата серија без постигнат гол. До крјаот на првото полувреме Делчево умешно ја сочува оваа предност и замина на одмор со резултат 11:6.

Во второто полувреме следи подобра игра на Кузман, која на крај сепак не им беше доволна за триумф. По само пет минути игра успеваат да ја преполоват предноста на Делчево и да намалат на 12:9. Само за момент Делчево успеаа повторно да се одлепи  на она најголемо водство од пет голови разлика и да поведе со 14:9. Во наредниот период следиме подобра игра на Кузман, кои успеваат со неколку брзи погодоци да се доближат на само еден гол негатива 15:14 во 31 минута од дуелот. Сепак во завршните 6 минути игра подобро се снајде екипата на Делчево, која успеаа да триумфира со резултат 18:16. Мора да се напомене дека Делчево го играше цел натпревар без ниедна замена, наспротив Кузман, кој немаше такви проблеми.

Во последниот натпревар од вчерашната програма во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се сретнаа екипите на Академија 1 и Академија 2 во генерација родени . Многу цврст натпревар на двете страни со мал број на постигнати голови. Конечниот резултат гласеше 8:10 во корист на Академија 2. По 9 минути игра резултатот беше 1:1, а во 15  минута 2:2. Во последните пет минути од првиот дел, Академија 2 успева со три голови во серија да замине на пауза со предност од 2:5.

vardarfans zenska konkurencija

По само неколку минути игра во вториот дел, Академија 1 успева да го израмни резултатот и се да започне од почеток. Дури и успеаа да поведат со 7:6 во еден момент од втората половина. Во 38 минута резултатот беше израмнет 8:8, а во последнте две минути подобро се снајде Академија 2 која постигна два погодоци за да го заврши мечот со резултат 8:10.