Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Вардар повторно победи, Нексе неможеше со нашиот шампион
СЕХА: Вардар повторно победи, Нексе неможеше со нашиот шампион

СЕХА: Вардар повторно победи, Нексе неможеше со нашиот шампион

Вардар денеска играше меч со хрватски Нексе, кој го доби и остана  на врвот на СЕХА регионалната табела. Мечот  во Нашице почна со доминација на црвено-црните и водство од 6-0 за околу шест минути игра.

Вардарци потоа поведоа и со  8-1, но потоа следуваше опуштање и во  20сетата  минута домаќинот намали на активни  10-12. Избранците на Гонзалес се трудеа, но на полувреме отидоа со мала предност од  14-17. Мечот  во вториот дел почна слично, домаќинот  Нексе  ја бракаше и намалуваше негативата но неуспеваше да ја стпи предноста на Вардар кој одново се враќаше во позитива доволна за комотен финиш. Во последните  10 минути од мечот  Вардар влезе со дотогаш највисоки  7 гола  разлика (30-23) . Вардарци мирно го донеа мечот до крај и однесоа победа со 36-29. Во овој меч хрватот во нашите редови Лука Циндриќ одигра  извонредно тој постигна  11 гола ,Тимур Дибиров имаше 8 погодоци вечерва. Кај голманите по пет одбрани “собраа“ Петар Ангелов-Диви и Страхиња Милиќ-Џамбо. Штербик овие два меча е поштеден и беше во скопје на дуелот Жрк Вардар -Савехоф. По  оваа минитурнеја РК Вардар  се враќа во Скопје и ќе се подготвува за предизвикот во Л.Ш германски Рајн-Некар.