Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Ние сме во добра позиција бидејќи Вардар е на лидерското место во СЕХА лигата и во лигата на шампионите – Милиќ: Никогаш не е лесно да се игра против Металург
Гонзалес: Ние сме во добра позиција бидејќи Вардар е на лидерското место во СЕХА лигата и во лигата на шампионите – Милиќ: Никогаш не е лесно да се игра против Металург

Гонзалес: Ние сме во добра позиција бидејќи Вардар е на лидерското место во СЕХА лигата и во лигата на шампионите – Милиќ: Никогаш не е лесно да се игра против Металург

Екипата на РК Вардар успеа да го добие градското дерби против екипата на Металург и да стигне до својата десетта последователна победа во сеха-лигата. Црвено-црните во последните десет минути од натпреварот го “скршија“ отпорот на противникот, кога поведоа со највисоки пет голови разлика, кои на крајот се покажаа како доволни за триумф. Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, иако на моменти Вардар имаше предност и од два гола разлика. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обратија тренерот Гонзалес и голманот Страхиња Милиќ

-Сакам да им честитам на играчите на Металург и нивниот тренер, бидејќи играа одлично. Тие направија овој меч да биде тежок за нас, особено во првото полувреме, и тогаш мислам дека беа и подобри од нас. Ние се подобривме со второто полувреме и успеавме да создадеме предност од 3-4 гола, но тие се уште не се предаваа. Се бореа до самиот крај и намалија на само два гола предност. Ние сме во добра позиција бидејќи Вардар е на лидерското место во СЕХА лигата и во ЕХФ лигата на шампионите. Сега двата тима треба да се концентрираме за важните натпревари во ЛШ следниот викенд, рече Раул Гонзалес.

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ е еден од најзаслужните за победата, бидејќи бранеше одлично во моментите кога неговиот тим резултатски се одлепуваше од противникот.

-Овој меч беше многу тежок за нас, како и што очекувавме. Јас сум тука 5 години и се сеќавам дека никогаш не било лесно да се игра против традиционален ривал. Честитки за нивната фер игра, можеби покажаа најдобро што можеа, што не можам да го кажам за мојот тим. Им посакувам среќа и на двата тима во ЕХФ лигата на шампионите, истакна Милиќ