Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот против Рајн-Некар
Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот против Рајн-Некар

Прес-конференција на РК Вардар за натпреварот против Рајн-Некар

Во сабота продолжуваат натпреварите за екипата на РК Вардар во лигата на шампионите. Во рамките на осмото коло од најголемото ракометно натпреварување, во Скопје ќе гостува екипата на Рајн-Некар. Како што е веќе познато пред недела дена издвојувавме победа на теренот на противникот, со што го задржавме првото место на табелата. Со уште еден триумф само би биле уште еден чекор поблиску до посакуваната цел во групата Б.

По тој повод нашиот шампион во четврток ќе одржи прес-конференција на која ќе ги изнесе своите очекувања од овој натпревар. Истата ќе се одржи во четврток со почеток од 12 часот во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански.