Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Мечот Вардар Јуниор – РК Радовиш се игра во петок, МТВ со директен пренос
Мечот  Вардар Јуниор – РК Радовиш се игра во петок, МТВ со директен пренос

Мечот Вардар Јуниор – РК Радовиш се игра во петок, МТВ со директен пренос

Викендов на програмата е новото коло во машката ракометна Супер лига. Младиот вардаров сениорски колектив, РК Вардар Јуниор својот меч со Радовиш  ќе го одигра пред останатите двојки во петок.

Избраниците на Стојан Петрушевски ќе бидат домаќини на екипата на РК Радовиш. Мечот ќе се игра во спорско рекреативниот центар “Кале“ во петок на 25/11/2016. Дуелот ќе почне 18 часот и 30 минути, стандардно влезот е слободен. Од овој натпревар Македонската радио и телевизија одлучи да врши директен пренос за да може љубителите на спортот и ракометот во земјава да го гледаат  во живо на малите екрани . Државната телевизија мечот ќе го пренесува на  собранискиот  канал со коментар Југослав Костовски.