Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Војводиќ: Честитки до моите соиграчи за уште една победа во низа – Томиќ: Игравме против Европскиот шампион кој се уште нема пораз оваа сезона
Војводиќ: Честитки до моите соиграчи за уште една победа во низа – Томиќ: Игравме против Европскиот шампион кој се уште нема пораз оваа сезона

Војводиќ: Честитки до моите соиграчи за уште една победа во низа – Томиќ: Игравме против Европскиот шампион кој се уште нема пораз оваа сезона

Маратонот за Вардар продолжи во Нашице, на натпревар од СЕХА-лигата, каде бевме подобри од екипата на Нексе. И покрај заморот кој беше евидентен после мечот против Рајн-Некар и патувањето до Хрватска, сепак избраниците на Гонзалес покажаа дека тешко ќе му биде на секој противник во дуелите со нив. Тоа го демонстираа и на ова гостување, на кое му дозволија на противникот да биде рамноправен само во првите 20 минути. На крајот победата испадна и многу убедлива, со резултат 21:30. Шанса за игра во второто полувреме доби и Јана Војодиќ, кој после завршување на натпреварот за офидицијалниот сајт на СЕХА го изјави следново:

-Дојдовме малку уморни, после тешкиот натпревар и гостување во лигата на шампионите против Рајн-Некар. Конечниот резултат од девет гола разлика во наша корист, не е можеби реална слика за случувањата на теренот. Сакам да им честитам на моите соиграчи за уште една победа во низа, како и на екипата на Нексе, на која и пожелувам многу среќа во предизвиците кои им претстојат. 

Играчот на Нексе, Марио Томиќ истакна дека неговиот тим играл сепак со Еропскиот шампион и дека поразот е очекуван.

-Благодарност до навивачите кои дојдоа во голем број да не подржат на натпреварот со Вардар. Поразот од девет разлика можеби не е реален, со оглед дека бевме рамноправни во голем дел од мечот. Можеби бевме малку уморни, но сепак игравме против Европскиот шампион, кој се уште нема изгубено натпревар оваа сезона. Нивниот голман беше на своето ниво, но и нашите грешки придонесоа за поразот.