Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес-конференција на РК Вардар, за последниот натпревар оваа година во ЛШ
Прес-конференција на РК Вардар, за последниот натпревар оваа година во ЛШ

Прес-конференција на РК Вардар, за последниот натпревар оваа година во ЛШ

Во сабота, Европскиот шампион ќе го одигра последниот натпревар за оваа година во лигата на шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Кристијанштад, натпревар кој ќе започне од 17:30 часот. По тој повод, клубот во четврток ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе очекувањата за натпреварот против шампионот на Шведска. Истата ќе се одржи во четврток со почеток од 12 часот во конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански.

После девет одиграни кола, црвено-црните имаат седум победи и два нерешени резултати и се наоѓаат на првото место на табелата.