Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Дојдовме во Нашице за да победиме – Марсениќ: Победа против добра екипа
Гонзалес: Дојдовме во Нашице за да победиме – Марсениќ: Победа против добра екипа

Гонзалес: Дојдовме во Нашице за да победиме – Марсениќ: Победа против добра екипа

Вардар немаше поголеми проблеми да стигне до својата осма последователна победа во СЕХА-лигата, откако вечерва славеа на гостувањето во Нашице, против екипата на Нексе (21:30). Само во првите 20 минути, домашната екипа воспоставуваше резултатска рамнотежа, кога во најголем дел резултатот беше израмнет и не поголем од еден гол разлика за двата тима. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот, пред медиумите се обрати тренерот Гонзалес кој го изјави следново:

-Дојдовме во Нашице со цел да победиме. Беше тешко во првите 25 минути, но после тоа игравме многу подобро. Особено во текот на второто полувреме. Честитки за екипата на  Нексе, се разбира за добриот натпревар и добрата атмосфера. Се надевам дека навивачите уживаа во овој меч.

Марсениќ истакна дека Вардар имал само проблеми во првата половина од мечот, но подоцна работите си дошле на своето место.

-Секогаш е убаво да се дојде во Нашице. Оваа сала беше полна и се гледа дека луѓето овде го разбираат ракометот. Имавме некои проблеми во раниот период од натпреварот, но подоцна успеавме да ја направиме секоја работа подобро, да постигнеме лесните голови и да го решиме победникот на овој натпревар. Конечниот резултат можеби не е реален, но тоа е ракометот. Добра победа против добар тим.