Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нексе е мал “залак“ за шампионот, Вардар продолжува да победува и да руши рекорди
Нексе е мал “залак“ за шампионот, Вардар продолжува да победува и да руши рекорди

Нексе е мал “залак“ за шампионот, Вардар продолжува да победува и да руши рекорди

Вардар стигна до својата осма последователна победа во СЕХА-лигата, откако вечерва триумфираше во Нашице, против екипата на Нексе, со резултат 21:30.

Се до 18 минута од натпреварот гледавме игра гол за гол и ниту една од двете екипи немаа поголемо водство од еден гол разлика. Нексе и Вардар постојано се менуваа во водство, иако и двете екипи имаа напади да поведат со повеќе од еден гол. Вака беше се до 19 минута кога при предност на Нексе од 9:8, црвено-црните направија серија од 0:4 и за прв пат на дуелот имаа позитива од три гола (9:12). За момент Сршен намали, но следеа два нови голови на Вардар, дело на Кристопанс и Карачиќ, кои зголемија на највисоки 10:14. Во последните две минути, екипите постигна по еден гол и на одмор се замина со резултат од 11:15. Мора да се напомене дека на голот го имавме одличниот Страхиња Милиќ кој беше помеѓу стативите на Вардар во текот на целото прво полувреме, кое го заврши со осум успешни интервенции. Имаше одбрането и два последователни зицери, откако играчите на домашниот тим не успеаа да го совладаат во контра-напади. На десната крилна позиција, започна Мартин Поповски, додека Шишкарев и Чупиќ беа на клупата.

Одлично започна второто полувреме за Вардарци кои направија сеија од 0:3 и се одлепија на солидна предност од 11:18. Интересно во овој дел од натпреварот, тренерот Гонзалес го стави Чупиќ да игра како десен бек, додека Шишкарев ја завзема десната крилна позиција. На теренот беше и Јана Војводиќ, како главен организатор на играта, додека на голот Милиќ продолжи успешно да брани, популарниот Џамбо веќе стигна до својата 12 одбрана. Црвено-црните немаа проблем со контрола на резултатот, а Нексе се повеќе тонеше. Не успева ниту играта 7 на 6 на противникот, кој влезе во серија на грешки, а Вардар казнуваше и со голот на Циндриќ во 49 минута имаа високи 16:25. Ниту заморот не беше причина за нашиот шампион да прикаже нова добра игра и да покаже зошто моментално е најдобрата екипа во Европа. На голот застана и Ѓорѓески кој стигна до првата одбрана. На шест минути пред крај имавме и двоцифрена предност (18:28), па последните минути беа рутина за нашиот состав, кој на крајот слави победа со резултат од 21:30.

Најефикасен беше Даинис Кристопанс кој постигна 6 голови, додека по 5 имаа Циндриќ и Чупиќ. Милиќ заврши со 12 одбрани.