Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров и Чупиќ: Лоши беа последните последните минути од натпреварот
Кокшаров и Чупиќ: Лоши беа последните последните минути од натпреварот

Кокшаров и Чупиќ: Лоши беа последните последните минути од натпреварот

Вардар го доживеа третиот пораз сезонава во Лигата на Шампионите. На гостувањето во Полска загубивме од екипата на Киелце со резултат 35:25. Ваквиот резултат можеби не е реален со оглед дека во најголем дел од мечот, црвено-црните беа блиску до предноста на Киелце. На прес-конференцијата после завршување на мечот, Кокшаров го изјави следното:

-Петнаесет минути пред крај бевме во егал, но во последните минуити правевме многу грешки. Не заслуживме да изгубиме со оваа разлика. И покрај тоа, се уште имаме шанси да бидеме во горниот дел на табелата. Честитки на Киелце за добрата игра.

Чупиќ се надоврза на тренерот, дека последниот период од мечот го одигравме лошо.

-Киелце беше одличен во нападот, четириесет минути бевме во игра, но исто како што кажа тренерот, последните минути ни беа лоши. Ни фалеа играчи, Дисингер и Атман се обидуваа да направат се, а претходно се вратија од повреда. Како и да е, честитки за Киелце и многу среќа понатаму во Лигата на шампионите, истакна Чупиќ.