Friday ,22 January 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Со победи на РК Урдаревски и РК Будимир отворен 2.ден од првото коло
Јуниор лига: Со победи на РК Урдаревски и РК Будимир отворен 2.ден од првото коло

Јуниор лига: Со победи на РК Урдаревски и РК Будимир отворен 2.ден од првото коло

Денес се одигра вториот натпреварувачки ден во Вардар Јуниор лигата. Утрово се одиграа два машки дуели.

Во мечот за момци во генер.2006/07, РК Урдаревски со пресврт го совлада тимот на Будимир со резилтат 27-23 во еден темпераментен меч. Најпрвин екипата на РК Будимир поведе со 1-5 на самиот почеток, потоа водеа и со 5-11 на неколку минути до крајот. Нивниот ривал успеа да ја поправи својата игра во финишот, намалувајќи ја на половина негативата пред одморот, се замина на пауза со 10-13.
Вториот дел продолжи во исти ритам, момците на Урдаревски успеваа полека да ја топат предноста на противникот. Па дојдоа и до реми 15-15 правејќи го овој дуел доста неизвесен околу победникот. Потоа тие ја преземаа предноста и успее на крајот да триумфираат со четири гола, односно со 27-23.

d-2
Во дуелот кај момците 2008/2009, РК Будимир лесно дојде до победа против тимот на РК Карпош/Урдаревски со високи 19-5. Се беше јасно по првиот период од овој натпревар, момците на Адријана Будимир со серија 8-0 до пред финишот поведоа со недостижна предност. На одмор се замина со предност 8-1.
Вториот период започна со по два гола на двете страни, двата тима беа рамоправни на почетокот на семафорот беше 10-3. Потоа доминираше тимот на Будимир кој на крајот победи со 14 гола предност, односно со резултат 19-5.