Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 продолжува со победите во регионалната-скопска лига, совладан и тимот на Форца
ФК Вардар генер. 2006 продолжува со победите во регионалната-скопска лига, совладан и тимот на Форца

ФК Вардар генер. 2006 продолжува со победите во регионалната-скопска лига, совладан и тимот на Форца

Генерацијата 2006 на ФК Вардар ја оствари и осмата последователна победа во лигата. Утрово на теренот на Академијата, нашите млади надежи беа условно гости на екипата на Форца, која ја победија со резултат 3:0.

1

Тренерот Спасески започна со следниве 11-сетмина: Данстак, Николов, Миовски, Јанкоски, Величковски, Спасовски, Ајетовиќ, Нурединовски, Алији, Цониќ, Николовски (c). 

Првиот директен удар го имаше екипата на Форца, но одбрани нашиот голман, Андреј Данстак. Вардар имаше иницијатива во текот на целото прво полувреме, но мора да се нагласи дека Форца пружи силен отпор во првите 40 минути. Одлично беа тактички поставени па на Вардар им беше тешко да ја пробијат нивната одбрана. На голот на Форца, се истакна Личина, кој во неколку наврати одбрани одлично. Алтин Алији беше играчот кој ги имаше првите две прилики во нашите редови, во првиот обид одбрани противничкиот голман, додека во вториот обид после додадена топка од Ајетовиќ, нашиот напаѓач од прва бие само крај голот на Форца. Токму, Алији ја имаше и првата голема шанса да го отвориме резултатот, но повторно Личина ги истакна своите голмански способности и го спаси неговиот тим од негатива. Форца се обиде да изненади во контра-напад, но и вардарци беа внимателни, па не дозволија некоја голема опасност кон нашиот гол. Ајетовиќ се обиде од голема далечина, но без реализиација, додека кај Форца обид имаше капитенот Матеј Митровски кој од слободен удар биеше крај голот. Пред да го отвориме резултатот имавме обиди преку Ајетовиќ и Цониќ, но без промена на резултатот. Се играше последната минута од првото полувреме, кога Алтин Алији со волеј удар после додадена топка од Нурединовски, ја смести топката во мрежата, за предност на Вардар од 1:0.

3 4 5 6

Прва измена кај Вардар на стартот на второто полувреме, во игра влезе Динов, на местото на Николов. Вардар продолжи со заканите кон противничкиот гол. Обиди имааВеличковски, Миовски и Ајетовиќ, но резултатот остана непроменет. Избраниците на Фиип Спасески успеваат да го зголемат резултатот на 2:0, со погодокот на Нуман Ајетовиќ, кој погоди после нафрлена топка од Николовски. Во игра кај Вардар влегоа уште и Илески, Настевски, Краљевски, Хасиќ, Анастасов и Митревски. Во последните пет минути од дуелот, точка на овој меч со нов погодок стави Алтин Алији, кој ги постави конечните 3:0 на овој дуел од регионалната-скопска лига.

Ова беше вкупно осма победа од исто толку одиграни натпревари за генерација 2006, која и после ова коло ја зачува својата мрежа мирна. Гол разликата сега е 42:0.