Генерацијат 2005 на ФК Вардар се врати на победите во регионалната-скопска лига. Денес на теренот на Академијата, црвено-црните убедливо ја совладаа екипата на Форца со резултат 5:0.
Тренерот Петковски стартуваше со следните 11-сетмина: Филевски, Кулуковски, Таневски, Серафимов, Ристовски, Дошев, Спасиќ, Уневски, Антевски, Јовановски, Величковски (c),
Уште во првите минути од мечот успеавме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0 со голот на Никола Величковски, кој погоди после асистенција од Јовановски. Во следните минути обиди кон голот на Форца имаа Спасиќ кој шутира над голот, како и Дошев кој се обиде од слободен удар, топката оди крај голот. Вардар имаше иницијатива на мечот, се обидувавме да постигнеме и нов погодок. Се закани и Јовановски кој шутира крај голот, како и Кулуковски од голема далечина, но без реализација. Сепак, во следната прилика, успеваме да реализираме а во листата на стрелци се запиша и Уневски кој погоди за предност од 2:0. Само неколку минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Никола Антевски, за резултат 3:0. До крајот на првиот дел се закани уште и капитенот Величковски, но овој пат голманот на Форца успешно одбрани.
Првите обиди во второто полувреме ги имаше капитенот на Вардар, Никола Величковски. Во првиот удар биеше со нога, додека во вториот обид бие со глава на нафрлена топка, но во двата наврати одбрани голманот на Форца. Најсериозната прилика за противничката екипа ја имаше Матеј Веселинов кој ја погоди пречката од нашиот гол. Кај Вардар се закани и Дошев, но без реализација, а голема прилика за зголемување на резултатот имаше Спасиќ кој од неколку метри не успева да го совлада голманот на Форца. Зицер удар имаше и нововлезениот Алексеј Стефаноски, но одбрани голманот, додека Дошев шутираше крај голот. Во последните пет минути од мечот постигнуваме уште два голови, дело на нововлезениот Алексеј Стефаноски кој ги постави конечните 5:0 на овој дуел од регионалната-скопска лига.
Во игра влегоа уште и Илиевски, Николовски, Јакимовски, Стефановски, Каланоски.