Денес во детската лига во генерација 2008 одигравме една средба. На терените на ФФМ во Ново Лисиче тимот на ФК Вардар (1) генер. 2008 се сретна со екипата на Албион.
Избраниците на Петар Георгиевски со допадлива игра успеаа да дојдат до победа на оваа средба со минимални но доволни 4-3. Ние иако победивме со минимален резултат, бевме тимот кој имаше повеќе од играта на оваа средба од детската лига. Триумфот дојде како резултат на нашето залагање во текот на целиот натпревар.
Сите четири гола за црвено-црните момци од генерацијата 2008 година ги постигнаа различни момци, за нас стрелаа на овој меч: Ненад Дамјаноски, Петар Блажевски, Лука Трпевски и Иван Ташовски.