Денес на програмата кај дамите во ракометната Јуниор лига која се играше во „Јане Сандански“ на програмата беа три меча. Ова е вториот натпреварувачки ден од 1.коло во новата, 5та сезона од овој проект на Ракометната Академија на Вардар.
Дамите на РК Кале од Кичево го совладаа тимот на РК Драчево со минимални 15-14. Скопскиот тим поведе на почетокот со 1-0, со серија од три гола кичевските девојки направија пресврт и поведоа со 1-3. Тие беа подобар противник во поле па до пред одморот овие два гола ги удвоиа, на одмор заминаа со четири позитива. За време на паузата РК Кале водеше со 4-8.
Вториот дел започна со далеку подобра игра на Драчево, тие ја нападаа предноста на својот противник. Успеаа да дојдат само на гол негатива при резултат 10-11 и внесоа неизвесност во мечот. Сепак тимот од Кичево ја исконролира предноста, не дозволи израмнување и на крајот победи со резултат 14-15 на оваа средба.
Во вториот женски дуел РК Делчево беше подобар од РК Будимир, тие триумфираа со резултат 22-12. Најпрвин девојките од Делчево отворија со 5-1, скопските дами успеаа да намалат на 5-3. Делчево ја презема контолата од минута во минута ја зголемуваа предноста па на одмор заминаа со плус седум, 12-5.
Во вториот дел поведоа со 13-5, по што тимот на Будимир врза три гола во серија и намали на 13-8. Сепак екипата од истокот на Македонија лесно успеа да се ослободи од притисокот и од минута во мунута ја зголемуваше предноста се до крајот. Тие победија со 22-12 на оваа средба од Јуниор лигата.
Bo третата средба воедно и последна, тимот на РК Кале Кичево ја совлада екипата на РК Делчево со резултат 22-19. Тие поведоа со 4-1 на почетокот, односно отворија со три разлика на старот. Потоа следеше игра гол за гол, двата тима до последната минута погодија по седум пати во противничката мрежа за резултат 11-8, во последниот напад Кале зголеми на 12-8 и замина на одмор.
Екипата на РК Делчево не мислеше да се предаде па во вториот дел нападна со сите сили, тоа донесе изедналување на 14-14 и неизвесност во мечот. Сепак Кале се одбрани, успеа со серија 3-1 да повесе со 17-15, предност која не ја испушти се до крајот на оваа средба.