Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Момците на Урдаревски, Ангели и Кисела Вода до „цел плен“ (ФОТО)
Јуниор лига: Момците на Урдаревски, Ангели и Кисела Вода до „цел плен“ (ФОТО)

Јуниор лига: Момците на Урдаревски, Ангели и Кисела Вода до „цел плен“ (ФОТО)

Во Јуниор лигата, во Јане Сандански попладнево се одигаа нови, три машки дуели, од кој еден беше кај повозрасната група 2006/2007.

75513442_2571348652952657_3201479956857094144_o

Кај момците ген. 2006/2007 во еден ефикасен дуел, РК Урдаревски ја совлада екипата на РК Ангели Вардар со резултат 29-24. Одлично момците од Урдаревски отворија со 5-0 на стартот, но брзо во игра се врати нивниот ривал со серија 1-4 намали на само два негатива, 6-4. Сепак тие успеаа да ја исконтролираат средбата потоа па на одмор заминаа со плус три, 15-12.
Тимот на Урдаревски Вардар влезе доста помотивирано во вториот дел, успеа ја за зголеми разликата од два на седум гола некаде на средината од вториот дел поведоаа со 22-15. Се до крајот беше рутина тие дојдоа до победа со пет позитива, 29-24 на крајот.

76697370_2571348956285960_8238835919088517120_o 75588167_2571347956286060_4030806092668731392_o
Kaj момците во генерација 2008-2009 се одигаа две средби, во кои Кисела Вода и Ангели дојдоа до победи.

Во првата РК Ангели Вардар ја совладаа екипата на РК Будимир со 21-9. Дуелот започна рамноправно имаше неколку резултатски симетрии, беше 2-2, потоа 3-3 и на крајот 4-4. Одтука до крајот Ангели доминираа со серија 6-0 заминаа на полувреме со предност од 10-4.

75375528_2571348656285990_5237873665860698112_o
Нивната доминација продолжи и во вториот дел кога стигнаа до 16-4, тие од ремито 4-4 беа во неверојатна серија 12-0. По ова се беше решено, околу победникот. До крајот се играше гол за гол, двата тима погодија по пет пати во противничката мрежа. Дуелот заврши со победа 21-9.

75336362_2571349512952571_8963292336649928704_o 75233518_2571348186286037_8335229905927143424_o
Момците на РК Кисела Вода Вардар лесно го совладаа тимот на РК Карпош/Урдаревски со резултат 34-4. Дуелот започна со 5-2 предност на Кисела Вода, потоа тие до крајот влегоа во серија. Со високи 9-0 во продолжение на одмор го однесоа дуелот со резултат 14-2 кој најави лесна победа потоа.

74808059_2571349336285922_6106227250368086016_o 74788295_2571348292952693_7857168026901151744_o 74708908_2571348152952707_2373426531524411392_o
Вториот дел започна со по еден гол во двете мрежи за почетни 15-3. Следеше доминација на екипата на Кисела Вода која победи со триесет гола повеќе на оваа средба од Јуниор лигата. Тие триумфираа со 34-4.