Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески: Задоволен сум од мојата игра, нема тука да застанам
Талески: Задоволен сум од мојата игра, нема тука да застанам

Талески: Задоволен сум од мојата игра, нема тука да застанам

Тимот на РК Вардар го доби и вториот натпревар во рамките на СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански во една драматична завршница, нашиот шампион го победи тимот на Нексе, минимално со резултат 27:26.

Вардарци во текот на целиот натпревар имаа постојана предност, во последните десет минути екипата на Нексе се врати во мечот кога успеа да го израмни резултатот. Имаше противникот шанса да извади бод од натпреварот, но Ристовски со двојна интервенција не дозволи такво нешто.

Изјави после натпреварот, даде тренерот Алушовски, како и играчите Талески и Гаџа.

„Секој натпрвар со Нексе е приказна за себе и само поради нашите грешки тие успеваат да се вратат во игра. Имавме четири разлика, па потоа следуваше несфатлив пад во играта, особено во напад, правевме премногу технички грешки кои резултираат со брз гол на ривалот. Да бидам искрен, не сум задоволен од многу работи. Првпат кажувам дека сум разочаран после еден натпревар, за тоа како го испочитуваа играчите договореното пред натпревар. На минатиот дуел со Војводина, без задоволен од одбраната, но сега ако не беше Борко Ристовски и нивните промашени зицери, инаку натпреварот лесно можеше да биде во корист на Нексе. Немаме многу време за анализа, жал ми е што победивме, а ќе си одиме дома малку разочарани. Сепак на секоја победа треба да се гледа од позитивната страна и утре со ладни глави ќе анализираме што беше добро, а што лошо и подготвени ќе заминеме за Порто”, изјави Алушовски.

Талески заедно со Чупиќ беа најдобрите стрелци кај Вардар, со по 6 постигнати голови.

Среќни сме за втората победа во СЕХА лигата. Малку потешко од очекувањата. Доволно се познаваме со Нексе. На стартот добро ни одеше, посебно во нападот, но во последните петнаесетина минути тие стигнаа до егал и се играше гол за гол. Мислам дека не смееме да дозволиме такви падови во играта и треба да извлечеме поука. Задоволен сум од мојата игра, ми требаше вакво нешто за самодовербата, конечно мислам дека го дадов тоа што треба секогаш да го давам. Нема тука да застанам, ќе одам само напред”, изјави Талески

„Очекувавме тежок натпреар. Мислам дека цело време водевме со 3-4 гола рзлика, но никако не успевавме да дојдеме и до подобар резултат бидејќи во тој период промашувавме зицери и на крајот дојде некоја нервоза и беше тешко да се игра, па на крајот успеавме среќно да дојдеме до победата”, истакна Гаџа после победата.