Во еден драматичен натпревар, Вардар успеа да издвојува триумф во дуелот со Нексе. На натпревар во рамките на СЕХА-лигата кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански славеа црвено-црните со резултат 27:26.
Јунак на натпреварот беше нашиот голман, Борко Ристовски кој успеа во последниот напад на Нексе да забележи двојна одбрана. Противничкиот играч, Кевиќ, имаше можност во два обиди да го совлада, но Борко со одлични интервенции го спаси голот, носејќи му победа на Вардар.
Погледнете ја двојната одбрана на Ристовски, на линкот, ТУКА.