Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и ќе ми биде жал ако немам уште една прилика да им се заблагодарам за се
Чупиќ: Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и ќе ми биде жал ако немам уште една прилика да им се заблагодарам за се

Чупиќ: Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и ќе ми биде жал ако немам уште една прилика да им се заблагодарам за се

Хрватскиот репрезентативец, Иван Чупиќ, ја игра својата последна сезона во дресот на Вардар. После пет години поминати во клубот, Чупиќ на крајот од оваа натпреварувачка сезона ќе се пресели во екипата на ППД Загреб.

Иако не сака многу да говори на оваа тема, вели дека кога официјално ќе се објави ќе може да каже нешто повеќе. Она што најмногу му недостасува сезонава се навивачите кои од познати причини ги нема на трибините.

-Сакам да се вратат навивачите на трибините и кога ќе дојде крај да можам да им се заблагодарам за незаборавните пет сезони од својата кариера. Ми недостасува тој здив од трибините кој не носеше на натпреварите. Навивачите на Вардар се мојата најдрага публика и ќе ми биде жал ако немам уште една прилика да им се заблагодарам за се, изјави Чупиќ за „Спортске новосте“