Friday ,12 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Петрушевски: Секогаш цел на Вардар е пласман на Ф4 во СЕХА
Петрушевски: Секогаш цел на Вардар е пласман на Ф4 во СЕХА

Петрушевски: Секогаш цел на Вардар е пласман на Ф4 во СЕХА

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата, откако победи и на реваншот кај екипата на Војводина (26:32). Гледавме натпревар со две различни полувремиња, во првиот дел Војводина беше во предност која достигна и пет гола разлика, за црвено-црните во второто полувреме да заиграат далеку поангажирано и да го свртат мечот во своја корист.

Изјави после натпреварот од помошниот тренер на Вардар, Стојан Петрушевски, и играчот Мартин Карапалевски.

-Не влеговме доволно агресивно во натпреварот. Нашиот тим беше поопуштен, што не ја намалува одличната игра на Војводина во првото полувреме. Тогаш работите дојдоа на свое место. И честитам на Војводина која покажа дека има голема иднина. Тоа е голем тим кој постигна одлични резултати оваа сезона. Им посакувам да продолжат вака. Секогаш примарна цел ни е фајналфорот во СЕХА лигата, изјави Петрушевски.

Одигравме лошо прво полувреме. Особено првите 10 минути кога нашиот тим „не беше на теренот“. Му честитам на противникот бидејќи одигра брзо и многу добро. Се договоривме на полувремето да бидеме поорганизирани. Одлучи нашата поголема клупа и искуство. Сакаме да се обидеме да стигнеме до финалето на СЕХА лигата, истакна Карапелевски.