Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Имавме тешки 15 дена кои се зад нас – Ристовски: Добро е да се победува и кога не играте добро
Дејвис: Имавме тешки 15 дена кои се зад нас – Ристовски: Добро е да се победува и кога не играте добро

Дејвис: Имавме тешки 15 дена кои се зад нас – Ристовски: Добро е да се победува и кога не играте добро

Вардар забележа голема победа на натпреварот против екипата на Загреб, зголемувајќи ги шансите за пласман во 1/8 финалето. После голема борба црвено-црните славеа во С.Ц. Јане Сандански со резултат 20:19. Вардар имаше предност од два гола по првиот дел, за во второто полувреме да гледаме израмнета игра, иако на моменти и гостинот имаше позитива од еден гол. Сепак со добар период од три минути, Вардар го сврте резултатот во своја корист, поведе со три гола кои успеа да ги задржи до крајот на натпреварот.

После големата победа, свое видување даде Давид Дејвис, кој истакна дека поминал лошиот период и дека очекува подобри игри и во наредниот период.

-Среќен сум за победата. Натпреварот беше многу тежок. Исто така играчите беа многу нервозни и мислам дека дуелот не беше многу убав за гледање, ама победа е победа. За Загреб поради тешкиот распоред мислам беше сега или никогаш, но не успеаа да победат. Ова е втора победа во ЛШ и задоволен сум. Имаме малку одмор по овој тежок февруари, имавме само два дена да се подготвиме за Загреб, но добро е што победивме. Сега имаме помирен распоред, во системот ќе влезат Додиќ и Крстевски, па ќе биде подобро. Многу тешки 15 дена се зад нас во кои игравме ист ракомет поради недостатокот на време, ама добро е што победивме, истакна Дејвис.

Ристовски во второто полувреме го замени на голот Томовски и одбрани сосема солидно.

-Честитки до Загреб за борбениот натпревар. Иако немаше квалитет, беше многу неизвесно. Борбеноста и пожртвуваноста беа пресудни. Ако гледаме реално, можеби бод ќе беше најреален. Сепак, ние бевме подготвени за овој натпревар. Целата екипа беше многу нервозна, веројатно од многу притисок. Некои работи не се испочитуваа, но ние сме среќни со победата. Напредуваме од натпревар во натпревар. Добро е да се победува и кога не играте добро, бидејќи тогаш има уште простор за напредок. Задоволни сме од резултатот и мора да се посветиме на следните предизвици, изјави Ристовски.