Ракометарите на Вардар издвојуваа тешка, но многу значајна победа во борба за 1/8 финале во Лигата на шампионите. Вечерва во СЦ. Јане Сандански, играчите на Давид Дејвис одиграа одлично, пред се во одбраната, а на крајот со фуриозни пет минути славеа многу, многу значајна победа.
Јунак на вечерашниот натпревар е Филип Талески. Феноменално второ полувреме на левиот бек. Кога на Вардар не му одеше во нападот, тука беше Талески со четири ,,проектили” од 9-10 метри да го совлада голманот на гостинот и буквално да ја најави победата.
Делириум беше во сала кога Талески постигнуваше ,,бомба” погодоци. На крајот беше и најефикасен кај Вардар со четири погодоци исто толку и Оливие Њокас.