Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски и Гаџа: Веспрем беа подобри и на двата натпревари
Алушовски и Гаџа: Веспрем беа подобри и на двата натпревари

Алушовски и Гаџа: Веспрем беа подобри и на двата натпревари

Вардар со уште еден висок пораз од екипата на Веспрем ги заврши настапите во Лигата на Шампионите. На реваншот во Унгарија, вардарци загубија со резултат 39:30 и на тој начин се простија од настапите во најголемото ракометно натпреварување за оваа сезона.

После завршување на натпреварот своите изјави ги дадоа Алушовски и Гаџа, кои му честитаа на противникот за пласманот во следната рунда.

„Сакам да му честитам на тимот за Веспрем за четвртфиналето. Исто како и на мечот во Скопје тие беа подобри. Ние имавме многу проблеми, посебно во првото полвуреме во транизицијата и Веспрем постигна лесни голови. Се обидовме и со седум на шест, но во овој момент Веспрем е далеку подобар тим од Вардар. Им посакувам се најдобро во четвртфиналето“, изјави Алушовски.

„Веспрем беше подобар во двата меча, посебно на дуелот во Скопје. Сакавме да покажеме друго лице од првата средба, ама ривалот не ни дозволи. Честитки уште еднаш, а ние сега ќе се обидеме да ги освоиме домашните титули“, истакна Гаџа.