Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ристовски: Многу добро го познавам Нексе – Алушовски: Верувам дека можеме да стигнеме до победа
Ристовски: Многу добро го познавам Нексе – Алушовски: Верувам дека можеме да стигнеме до победа

Ристовски: Многу добро го познавам Нексе – Алушовски: Верувам дека можеме да стигнеме до победа

Денес со почеток од 17:00 часот, Вардар ќе гостува во Нашице, каде ќе го одигра првиот 1/4 финален меч во СЕХА-лигата. Противник е екипата на Нексе, која е последна пречка за пласман на завршниот турнир. Во пресрет на овој дуел, своите очекувања ги сподели Алушовски кој го изјави следново:

-И покрај сите проблеми со кои се соочивме во изминатиов период, сепак со комплетен состав ќе настапиме на денешниот дуел. Имавме мали проблеми со Тимур Дибиров, но сепак нема време и простор за калкулации. Го анализиравме тимот на Нексе, кој игра добро посебно на домашен терен, опасни се при игра 7 на 6 и се добри во дефанзивата. Тие имаат подолга клупа и можност за ротација, но ја верувам дека мојот тим може да победи.

Своето деби на голот на Вардар ќе го има и Борко Ристовски, кој ќе биде во составот за денешниот меч. Добро го познава Нексе и верува дека неговиот тим може да стигне до победата.

-Иако ова ќе биде мој деби настап во СЕХА-лигата, запознаен сум со ова натпреварување, со оглед дека го следам подолго време. Играме против Нексе, екипа која пред неколку месеци ја елиминирав во ЕХФ купот со мојот поранешен клуб, тоа е Бенфика, така што ги познавам многу добро. Секако дека ќе биде интересно, Нексе ќе се обиде да не изненади, а ние нема да ги потцениме. Се уште сме Европски Шампиони и така ќе се однесуваме на теренот до крајот на сезоната. Сакам за крај да додадам, дека многу ми значи доаѓањето во Вардар, пред се поради можноста да работам со Дејан Периќ, кој работи напорно со голманите во Вардар.

Дуелот ќе биде пренесуван на МРТ.