Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Шест кадети ќе добијат шанса да ја „осетат“ СЕХА-лигата – Карапалевски: Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад
Алушовски: Шест кадети ќе добијат шанса да ја „осетат“ СЕХА-лигата – Карапалевски: Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад

Алушовски: Шест кадети ќе добијат шанса да ја „осетат“ СЕХА-лигата – Карапалевски: Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад

Утре во Нови Сад со почеток од 17:00 часот, екипата на РК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза во СЕХА-лигата. Црвено-црните ќе гостуваат на екипата на Војдодина, во некомплетен состав со оглед дека ќе недостасуваат голем број на играчи, додека шанса ќе добијат неколку ракометари од кадетската екипа на клубот.

Со оглед дека пред нас е ЕХФ неделата, каде репрезентациите ги очекуваат натпревари за пласман на ЕП, во Вардар ќе недостасуваат голем број на играчи кои ќе се подготвуваат за своите репрезентации. Своите очекувања за натпреварот против Војводина ги сподели шефот на стручниот штаб, Стевче Алушовски.

„Пролетва е навистина напорен период за нас, имаме постојано натпревари, па овој одложен меч со Војводина треба побрзо да го одиграме за да можеме да го правиме следниот распоред. Ова беше единствен слободен термин и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Но, и покрај тоа за Нови Сад заминуваме со ракометари кои секако можат и ќе одиграат најдобро. Знаме дека Војводина сигурно ќе игра на максимум, но и ние сме подготвени за она што не очекува. Ова ќе биде и шанса шестмина наши кадети да почуствуваат што значи СЕХА лига. Тие веќе неколку денови тренираат со нас и ќе бидат подготвени за нивното деби“

Во остуство на голем број на играчи, поголема минутажа се очекува да добие и Мартин Карапалевски кој верува дека неговата екипа ќе се претстави во најдобро издание на ова гостување.

„Иако ќе ни недостасуваат неколку играчи ние сме подготвени за Војводина. Имаме мотив да играме иако е ова последен меч од групната фаза на СЕХА и доаѓа во период кога во домашното првенство имаме згуснат распоред. Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад“, 

Во зависност од исходот на овој натпревар, Вардар ќе заврши како второ или третопласиран во својата група, па ќе биде познато дали ќе игра директно во 1/4 финалето или ќе мора да го помине и осмина-финалниот двомеч против екипата на Татран Прешов.