На програмата до крајот на април во женската Супер ракометна сениорска лига останува само уште едно коло. Оваа работна недела ќе се игра 20.рунда во сезоната 2020/21 година. Вардарки ќе атакуваат на седмата победа на исто толку одиграни дуели во новата година.
ЖРК Вардар, задутре во среда ( 28/04/2021) е домаќини на тимот на ЖРК Шампион во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Напреварот против скопскиот ривал е закажан со почеток во 16 часот и 30 минути. На истиот ние сме убедливи фаворити, со победа ќе се зацврстиме на втората позиција зад лидерот Куманово.
На првиот меѓусебен дуел победивме во гости со високи 17-34 (9-16), домаќинот поведе и се држеше се до 6-6 потоа црвено-црните издоминираа. На таа средба Грујовска имаше одлични 11.одбрани (50%). Три девојки имаа по „5-ка“ зад своето име, Џатевска Ивана (100% учинок), Диневска Бојана и на голот Илиќ Андреа.