Оваа сезона во рамки на СЕХА регионалната лига црвено-црниот машки ракометен колектив го победи Целје со 11 гола, сепак денешниот дуел во треттото коло на ЕХФ Лигата на шампионите ќе биде сосема друга приказна. Тоа го знае и нашиот кормилар, шпанскиот стручњак на клупата на РК Вардар, Раул Гонзалес тој за овој меч го изјави следното:
Ова е сега различна приказната, зашто е нова. На нивен терен победивме во СЕХА лигата со 11 гола, но сега треба повторно да играме. Тогаш бевме добри, и сега пак треба да се фокусираме, но ова е лига на шампионите. Целје играат добро во последно време, во ЛШ го победија Загреб, и загубија само со еден гол на гостувањето кај Рајн Некар .Некогаш не играш добро, но голманите се добри, па изгледа дека е супер. Мислам дека ние сме подобри, имаме добро ниво на игра и треба да победиме, но мораме да играме. Повеќе или помалку Целје може да смени нешто во играта, но знаеме што може да биде, бидејќи сите ги гледаме натпреварите и имаме информации како се игра. Мислам дека може да играат 6-0 или 3-2-1.
Своето мислење и мислењето на играчкиот кадар на црвено-црните пред овој важен гостински меч во шампионската европска лига го искажа еден од најдобрите поединци досега Алекс Душебаев. Тој го изјави следново:
Посакуваме да биде исто, но знаеме дека ќе биде многу тешко. Целје има многу добра екипа, и сигурно и тие ќе се подготвуваат подобро за да ги отстранат грешките што ги правеа против нас. Ќе видиме како ќе биде, но мораме и ние да играме исто така добро. Можеме ние и подобро да играме, но веруваме дека и тие ќе бидат веројатно подобри во однос на тоа како играа на првиот натпревар. Тие сега би требало да играат многу брзо. Тие се млада екипа и можат да трчат 60 минути, мораме и ние да бидеме добри зашто така ќе ги оневозможиме да имаат брзи голови, а тие секоја шанса ја користат за контранапад. Во последно време играме и ние брз ракомет, и даваме многу голови. Правиме брзи акции, и кога сме добри во одбрана, тогаш ни се отвораат шанси за брзи и лесни голови. Тоа ќе биде наша цел, да бидеме добри во одбрана и да можеме полесно да реализираме.