Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор дојде до првата победа совладувајќи го Работнички, Ончев беше брилијантен
Вардар јуниор дојде до првата победа совладувајќи го Работнички, Ончев беше брилијантен

Вардар јуниор дојде до првата победа совладувајќи го Работнички, Ончев беше брилијантен

Подмладената  екипа на вториот црвено-црн суперлигаш екипата на РК Вардар јуниор ја забележа првата победа сезонава во најквалитетната ракометна конкуренција во земјава,  Супер лигата. Тимот предводен од Стојан Петрушевски вчера триумфираше во градското дерби против Работнички 19-12, кое се одигра во спорско рекреативниот центар “Кале“.

Поведовме први со 1-0 со голот на Кукуловски Дејан, потоа гостите веднаш изедначија. Ние успеавме со два последователни гола да се одлепиме на 3-1 по што следуваше серија на гостите кои изедначија на 4-4. По ова ние правиме серија 4-0 и се одлепуваме на комотни 8-4. До крајот на првиот дел гостите намалуваат на 8-5 резулат со кој се иде на одмор. Ова беше еден навистина цврст дуел во кој главна улога ја имаа одбраните и голманите на двете екипи, без многу погодоци во двете мрежи.

Вториот дел започна со игра гол за гол, се постигнаа по пет погодоци во двете мрежи. Негде на средината од вторит дел резултаот беше 13-10 во корист на црвено-црните. Во нашите редови денес брилијантен беше Ончев кој постојано ја решеташе мрежата на гостите. По ова следуваше серија 5-0 за избраниците на Петрушевски со која се најави победникот на дуелот ние поведовме со 18-10. До крајот се беше рутина ние мечот го добивме со седум плус, 19-12. Ова беше прва победа во ова четврто коло одкако стартувавме со три порази ова сезона. Најдобар стрелец на овој дуел кај нас беше Тоше Ончев со осум погодоци. Следен меч за нас е закажан за на 12-ти октомври во среда, кога гостуваме кај екипата на ракометниот клуб Охрид 2013.

Тоше Ончев стрелец на осум погодоци.

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов 1, Вујачиќ 2, Димовски, Георгиевски 2, Ангелов 1, Анастасовски, Поповски 2, Трпчевски, Симиќ, Ристов 1, Стојковски, Манасков 1, Кукуловски 1, Ончев 8, Ѓорѓески.